Македонија добива нов ски центар а иницијаторот на проектот Митко Јанчев поради остварување на проектот од граѓаните доби барање да остане доживотно градоначалник.
Ски центарот Михајлово во близина на Кавадарци треба да биде отворен за скијачите за неколку дена објави Јанчев, градоначалник на Кавадарци.
,,❄️По интензивните врнежи од снег во Михајлово, се одбројуваат деновите за отворање на скијачкиот центар!
Во моментов се работи на подготовки за ски стазата со сите пропратни елементи за сите возрасти”, објави Јанчев во најавата за скијачкиот центар Михајлово кој е подготвен да ги прими сите љубители на зимските спортови.
Теренските работи се донација од компании меѓу кои и општествено одговорната фирма ЈА МИ Кавадарци.
Инвестицијата за овој центар се донација од 231.660,00 евра, од кои 115.000,00 евра се средства донација на Комерцијална банка, а 115.000,00 евра се донација од Кожувчанка ДОО каде сопственик е Митко Јанчев.
Во Октомври кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев на Фејсбук објави дека започнаа подготвителните теренски работи за изградба на скијачкиот центар во Михајлово кој опфаќа ски стаза, ски лифт и потребните елементи за сите возрасти.
Целосната опрема е во финална фаза на изработка од страна на полска компанија која што при крајот на декември се очекува да биде целосно функционална.
Центарот има ски лифт и патека со должина од 370 метри чии капацитет е 600 лица на час.
Патеката поседува опрема за вештачко заснежување, инсталации и водоводна мрежа за снежните топови како и заштитни мрежи.
Линк до страната на Јанчев со видео од центарот
https://www.facebook.com/share/p/12CBu3AwD8L/?mibextid=oFDknk
 
             
		






