На 3.480 избирачки места во Републиката утрово во 07 часот започнаа седмите избори за претседател на државата од осамостојувањето.
Право на глас во Избирачкиот список за претседателските избори се запишани вкупно 1.814.317 гласачи.
Граѓаните ќе можат да гласаат за еден од седуммината кандидати: Стево Пендаровски поддржан од СДСМ, Гордана Силјановска Давкова поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Стевчо Јакимовски од ГРОМ, Билјана Ванковска поддржана од Левица, Бујар Османи од ДУИ, Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Максим Димитриевски од ЗНАМ.
Вчера на 31 избирачко место гласаа и нашинци во дијаспората, како и затворениците и болните и немоќни лица.
Гласачките места ќе бидат отворени до 19 часот.
По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа.






