Нема да има нови преговори помеѓу Македонија и Бугарија затоа што, тие се завршени, изјави денеска бугарскиот амбасадор во заминување, Ангел Ангелов.
Амбасадорот кој заминув во петок рече дека очекува Македонија да започне со исполнување на тоа што е договорено досега.
Тој очекува новата влада во Бугарија да го продолжи дијалогот за надминување на несогласувањата во историската комисија.
Се надева оти Бугарија по изборите на 27 октомври ќе добие нова влада и дека потоа ќе може да се почне интензивен дијалог меѓу двете земји.
„ Веќе бев кај министерот Муцунски за да си кажеме довидување. Ние сега имаме избори. Изборите ќе бидат на 27 октомври и се надеваме дека ќе добиеме влада со која што ќе можеме да влеземе во интензивен дијалог.
Се разбира не преговори, затоа што преговори не може да има за нешто кое што е договорено. Тоа што е договорено мора да почне и да се исполнува. Ние географијата нема да ја менуваме и ќе останеме соседи.
Треба да имаме интензивна комуникацијата, вклучувајќи ја и историската комисија, изјави Ангелов.
Инаку, премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека наскоро ќе има промена кадровскиот состав на мешовитата македонско – бугаска комисија за историски прашања.
Мицкоски смета дека актуелната комисија не беше заштитник на националните интереси на македонскиот народ.





