На повидок е нова политичка партија во Грција која ќе го пополни просторот меѓу конзервативците на Неа демократија и екстремно десничарската „Златна зора“откако се интензивираа преговорите со пЈРМ околу спорот за името.
Грчки медиуми шпекулираат дека десно-ориентирани политичари со националистичка агенда работат „зад сцената“ за да основаат партија што би ја змениле партијата на Панос Каменос „Независни Грци“ (АНЕЛ).
АНЕЛ, помалиот владин партнер, која играше на картата „Македонија е Грција“, сега го смени ставот и се изјасни дека ќе ја поддржи владата на Алексис Ципрас, дури и ако терминот Македонија биде вклучен во договорот со Скопје, констатираат грчки медиуми.
Запрашан дали ќе присуствува на митингот во недела во Атина, Каменос рече дека ќе биде надвор од земјата, но неговото семејство може да учествува.
АНЕЛ и нејзиниот лидер одлучија да направат „пресврт“ со цел да продолжат да учествуваат во владата.
Аналитичари сметаат дека е ова заблуда за Каменос, по гласиштаа за создавање на нова партија која ќе игра на патриотска карта.
Неодамнешните анкети покажуваат дека АНЕЛ е далеку под изборниот праг од 3 проценти што треба да се мине за да се биде во идниот состав на парламентот.
Иако сè е по сферата на шпекулации, за лидер на партијата која би се позиционирала десно од Неа Демократија се споменува Франгос Франгулис, поранешен генерал, кој беше главен говорник на митингот во Солун за Македонија на 21-ви јануари. „Македонија е и ќе остане грчка“,објави тој на толпата која го извикуваше неговото име.
Тој предупреди дека „народот нема да седи и да ги гледа политичарите како потпишуваат договор кој ќе вклучува термин Македонија“.
Во интервју за „Скај ТВ“, Франгулис, роден во Комотини, западна Тракија, негирал дека ќе формира нова партија, но додаде дека ќе „размисли, доколку се појави потреба“.
Франгос нема политичко искуство и ораторски вештини но, според аналитичари, тој може да добие моќни поддржувачи, особено во северна Грција, пишува Greek.reporter.
Ако Грција прифати договор со терминот Македонија, тогаш „стотици илјади Грци кои ќе почувствуваат дека им е загрозена гордоста и историјата може да се свртат кон Франгулис… или кон некој сличен лидер“.





