Македонија денеска остро ги осуди ноќешните напади на Иран врз базите на САД во Катар.
,, Остро ги осудуваме неодамнешните напади врз базите на САД во Катар. Ваквите акти ја загрозуваат регионалната стабилност и безбедноста на сојузничкиот персонал.
Искажуваме целосна солидарност со Соединетите Американски Држави и ги поддржуваме нивните напори за одржување на мирот и безбедноста во регионот и пошироко”, пишува во објавата на министерството за надворешни работи на Македонија.





