Македонија втора на листата земји за влез во ЕУ по Брегзит

Во анализата на британски медиум Македонија е наведена како втора земја која што може да влезе во ЕУ по излегувањето на Велика Британија.



Еве ја целата листа:

1. Албанија

Како една од петте европски земји кандидати за влез Албанија е меѓу државите кои наскоро може да се зачленат во европскиот клуб. Дом на речиси 3 милионни луѓе оваа земја веќе три години е кандидат но сеуште е далеку од критериумите за влез. Преговорите за влез сеуште не се започнати.

2. Македонија

Земјата која прогласи независност во 1991 година и има околу 2,5 милиони жители е предводена од премиерот Зоран Заев од Социјал Демократскиот сојуз на Македонија. Мотото на кандидатурата на Македонија за членство во ЕУ беше „И сонцето е ѕвезда исто така“, што прави референца на сонцето на националното знаме и ѕвездите од знамето на ЕУ. Земјата ја чека долг пат до членство затоа што преговорите сеуште не се започнати иако кандидатурата е добиена пред 12 години.

3. Црна Гора

Сместена во истиот регион со Македонија и Албанија и оваа земја иако веќе ги започна преговорите има долг пат пред да влезе во ЕУ.

4. Србија

Иако ги започна преговорите според ББЦ, Србија оваа декада нема никакви шанси да стане членка на ЕУ.

5. Турција

Турција е последната земја кандидат која што во моментов формално е во преговори со ЕУ. Според агенцијата Ројтерс турскиот претседател ја нарекол ЕУ „збунета“ како резултат на Брегзит а лек за тоа е влезот на Турција на местото на Британија во ЕУ.

6. Босна и Херцеговина

Босна е потенцијален кандидат што значи дека таа допрва треба да добие статус кандидат. Комплексната балканска земја која што има три претседатели за сите етнички групи по еден, има многу пречки пред да стане земја кандидат.

7. Косово

Иако Косово не е ни целосно призната земја (Србија и други 80 земји не ја признаваат) оваа држава формално е земја потенцијален кандидат за членка на ЕУ. Најголема пречка за Косово е тоа што 5 членки на ЕУ не ја признаваат како независна држава.

Според кратката анализа на британскиот портал ХИТЦ Британија ја напушта ЕУ но наскоро ниту една друга држава нема да го заземе нејзиното место.