Специјализираното списание за глобална безбедност „Џејнс Дифенс“ анализира дека подобрувањето на дипломатските односи меѓу Грција и Македонија веројатно ќе донесе напредок во трговските врски меѓу двете земји.
Во својата анализа магазинот вели дека грчките инвеститори ќе останат претпазливи при инвестирање во Македонија а странските директни инвестиции во соседната земја би можеле значително да се зголемат по 2021 година.
Најлош дел од анализата за Македонија е тврдењето дека мали се шансите на Македонија да и биде доделено членство во ЕУ пред 2028 година додека влезот во НАТО може да се случи малку порано но само под услов да се најде решение за името.






