Македонизам без држава: Европа има проблем со Мисирков, Коневски и Асном

Македонскиот публицист Младен Србиновски тврди дека денес Република Македонија претставува „македонизам без држава“. Според Србиновски кој е еден од ретките „интелектуалци од Македонија“ кои што јавно ги поддржуваат бугарските тези за „еден народ во две држави“ тврди дека Европа нема  проблем со Првиот Илинден, со Гоце, Даме, Александров и Миладиновци, кои што меѓу редови и ги препишува на Бугарија.



Според неговата колумна објавена по посетата на премиерот Заев на Софија на веб сајтот на друштвото за „Македонско – Бугарско друштво за пријателство“ „Европа има проблем со Вториот Илинден, со учењето на Новаковиќ, на Мисирков, на Конески, со ставовите на Асномска Македонија и со сите нас, повоени генерации македонистички воспитани“

Србиновски кој во времето на првата влада на ВМРО – ДПМНЕ имаше високи функции семта дека Македонизмот како што ја нарекува македонската нација „е остро спротивставен на европските стојалишта за и во Македонија. Она што е несомнена стојност од Македонија за Европа се: Кирил и Методиј, Климент, Наум, богомилите, ВМОРО, Гоце, Даме, Александров, Миладиновци, Прличев… Трета, помирувачка опција, за нивно помирување, ја нема и не смее да ја има. За македонизмот сето наше минато е бугарско бреме кое без пардон треба да се сече, да се фалсификува и на секој начин да се оцрни, не водејќи сметка дека со тоа и тој наш определен принос, дел од богатиот европски идентитет сега сами го сквернавиме“.

Според Србиновски Македонија попусто од својата независност се обидувала да го заштити македонизмот, кој како термин е измислен и се користи пред се од негаторите на македонската нација и јазик во Бугарија.

„Македонизмот како фанатизам на сопствениот идиотизам е во состојба државата да ја снема, само тој да опстои. Сите овие над дваесет и пет години независност ние не ја заштитувавме државата, сите економски и интелектуални ресурси беа и се фрлени во заштита на македонизмот…. Македонизмот како фанатизам на сопствениот идиотизам е во состојба државата да ја снема, само тој да опстои. Сите овие над дваесет и пет години независност ние не ја заштитувавме државата, сите економски и интелектуални ресурси беа и се фрлени во заштита на македонизмот“, вели во својата колумна која шти иако индиректно уште еднаш го негира постоењето на Македонската нација и јазик различна од бугарските.

Во својот обид да ги потврди своите пробугарски тези Србиновски користи изјава на медијаторот Нимиц од пред десетина години во која тој избегнувајќи ги зборовите Македонија, Македонци или македонски и ословувајќи не со оваа држава и овој народ, изјавил  “Јас се наоѓам во Република Македонија и оваа држава е на македонските граѓани, а Албанија е држава на албанскиот народ, Србија е држава на српскиот народ, Бугарија е држава на бугарскиот народ и Грција е држава на грчкиот народ“.