Тројца луѓе од кои еден е македонски државјанин а двајца Романци се уапсени во главниот град на Малта, Ла Валета поради измама.
Македонецот измамил неколку луѓе кои што се обиделе да погодат каде е топчето кое го криел под три различни чаши.
Откако полицијата го надгледувала дека го крши законот со илегално кладење и наплата на пари без лиценца Македонецот бил уапсен и најверојатно по изречената казна ќе биде депортиран во Македонија.
Тој бил дел од организирана група која што наведувала локални граѓани да се обидат да погодат каде е топчето. Полицијата истражува дали е групата поврзана и со други измами на Малта, јавуваат локалните медиуми.





