Македонец уапсен на Малта откако запалил туристи со коктел

Еден италијански тинејџер се здобил со тешки опекотини а 22 годишен македонски државјанин е уапсен од страна на полицијата по инцидентот што се случил во бар во местото Пасевил на Малта во петокот навечер.



Според медиумите на Малта Македонецот чие име не се соопштува подготвувал коктел наречен „Запалениот Ламборгини“ кога еден од гостите од невнимание се запалил по што е префрлен на интензивна нега а  уште двајца од неговото друштво се здобиле со полесни опекотини.

Тројцата настрадани се на возраст од 16 и 17 години.

Македонскиот државјанин кој работел како бармен пред  полицијата изјавил дека ги почитувал сите протоколи за подготовка на овој вид коктели и побарал да се прегледа снимката од консумирањето на коктелот која што ја направиле гостите.

Коктелот кој што го подготувал барменот изгледа како на сликата

A flaming cocktail might look something like this stock photo.Македонецот денеска треба да биде изведен пред суд по обвинение за ненамерно предизвикување телесна повреда а фирмата во која што работи се соочува со казна за служење на малолетни гости.
На следното видео како се подготува коктелот кој повреди тројца тинејџери на Малта