Македонец со најдолг затворски стаж во Данска бара слобода

Aдвокатите на 68-годишниот Наум Коневски ќе се обидат да издејствуваат условна казна за нивниот затвореник по што тој ќе може да се врати во Македонија по 34 години одлежани во затвор.



Коневски се води како затвореник кој најмногу одлежал во затвор во Данска – 34 години од казната доживотен затвор на која бил осуден за убиство на две момчиња во 1984 година, објави ТВ2 Нихедер.

Адвокатите на Коневски сметаат дека казната е прекумерно сурова.

Данскиот Висок суд во понеделникот започна со проценката по жалбата за негово ослободување.

Претходниот „рекордер“ по одлежан затворски стаж, бил ослободен откако отслужил 32 години и 10 месеци од доживотната казна за убиство на четворица полицајци.

Сепак, кривичното дело на Коневски беше оценето како особено ладнокрвно. За него подоцна беше утврдено дека е клинички луд и помина 30 години во безбедна ментална болница.

Иако персоналот во психијатрискиот центар “Сент Ханс” тврди дека е стабилен и веќе не претставува ризик, судските власти во местото Рецлерџет сé уште сметаат дека постои ризик тој и во иднина да изврши сериозни кривични дела.

Високиот суд сега треба да одлучи дали лекарската проценка е доволна за да оправда неговото ослободување.

Моментално не нејасно кога ќе се донесе конечна одлука за случајот, пренесува „Локал“.

Наум Коневски, роден на 13 мај 1949 година во Одри, Македонија, беше осуден на 26 јуни 1985 година за двојно убиство извршено рано наутро на 20 мај 1984 година кога уби двајца кампери во областа Феморен во Амегер странд.

Местото на злосторот

Тој им наредил на тројца кампери и пријатели да излезат од шаторот во кој спиеле, а потоа во двајца од нив стрелал, при што убил 16-годишно и 20-годишно момче, пукајќи им во глава.

Третиот кампер, исто така, 16 годишник, успеал да избега и покрај тоа што Коневски стрелал и кон него.

Коневски беше осуден една година подоцна на доживотен затвор по ладнокрвното злосторството кое ја шокираше Данска.

Двојното убиство доби значителен публицитет во Данска во текот на 1980-тите, затоа што Коневски претходно веќе беше суден, откако беше обвинет за силување.

Коневски работел како таксист во Копенхаген и беше обвинет и осуден за силување на патничка во неговото такси во 1981 година. Тој е прогласен за виновен и осуден на 30 месеци затвор.

По одлежаните 16 месеци затвор, тој бил ослободен.