Според записите на македонскиот револуционер Ѓорче Петров името на месноста и селото Маврово доаѓа од турскиот збор мав (маф), што опишува место кое нема ништо над него или ништо не признава над себе. Има и други легенди, но ниедна не го опишува така добро и сликовите едно од најубавите места на овој дел од светот.
А се доаѓа до израз во овој период од годината кога снегот натежнува, воздухот е најчист, а белината и одблесокот од сонцето принудно ги затвораат очите, но го отвораат срцето.

Селото Маврово е сместено во рамките на најголемиот национален парк во Македонија — Националниот парк Маврово и на јужниот брег на Мавровското Eзеро. Поставено е под падините на планината Бистра на надморска височина од 1240 метри, што препретставува планинско село. Скијањето по одлично подготвените патеки на Бистра е врвно задоволство и најдобрата понуда од Маврово на зима, но има тука прошетки во преубав амбиент, па и други видови на забава со оглед на оплеменетоста на целиот крај.





