Мавзолејот на Димитров станува музеј

Подземните простории останати на местото на урнатиот мавзолеј на Георги Димитров ќе се пренаменат во музеј. Ова било одлучено од страна на Комитетот за култура на Општина Софија.



Просторот, кој е на три нивоа, станува филијала на Уметничката галерија на Софија.

Дури и пред уривањето на главната зграда имаше идеи за тоа да се сочува и да се користи за културни настани.

Мавзолејот на Георги Димитров беше уништен по неколку обиди во август 1999 година.

Георги Димитров (1882-1949) бил бугарски политичар, раководител на Бугарскатѕа комунистичка партија и на Комунистичката интернационала, како и премиер на Народна република Бугарија од 1946 до својата смрт.

Веднаш откако станал премиер, во декември 1946 во Бугарија бил спроведен попис на населението, а прв пат во историјата на Македонците во Бугарија им било дозволено слободно да ја изразат својата национална определба.