Американската поп-ѕвезда Лејди Гага ја откажа европската турнеја поради фибромиалгија, болест која се карактеризира со болки низ целото тело и често е придружена со стрес и депресија.
Харизматичната Лејди Гага беше хоспитализирана минатата недела заради болки и морала да го откаже концертот во Рио де Жанеиро.

Нејзиниот промотор Live Nation објави дека е откажан и планираниот европски дел од светската турнеја.
Лејди Гага требаше да одржи концерт во Барселона во четвртокот, а потоа да одржи уште 17 концерти во Европа до крајот на октомври.
“Лејди Гага ќе ги помине следните седум недели на третман поради лечење од болеста, која и го уништува нејзиниот секојдневен живот”, изјави нејзиниот промотор.




