Македонскиот кошаркарски вицепрвак немаше многу среќа во жрепката за првото квалификациско коло во Лигата на шампионите на ФИБА. Противник на Карпош Соколи ќе биде Калев Крамо, клуб кој е постојано присутен во натпреварите под покровителство на Европската кошаркарска организација и кој постојано успева да создава нови играчи.
Карпош Соколи беше послабо рангиран при жрепката во Минхен и можеше да добие и потежок, но и послаб противник од Калев кому скопјани прво ќе му бидат домаќини на 19 септмеври, а потоа на 21 истиот месец треба да одат во Естонија. Подобриот од овој двомеч оди на унгарски Фехервар во второто коло од кошаркарската ЛШ.






