Луѓето се селат: Апел до премиерот од Јегуновце

Екс работен во Југохром од Јегуновце бара премиерот Заев да го пушти во работа комбинатот кој обебедува егзистенција за 1000 семејства во овој регион. Во спротивно луѓето ќе се одселат пишува во апелот.



Апел до премиерот

Почитувани СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија , Почитуван Премиере Зоран Заев , веќе 15 месеци фабриката ЈУГОХРОМ која секој месец даваше леб на преку 1000 семејства од Полошкиот регион НЕ РАБОТИ. Беше затворена од минатата власт со изговор дека не ги исполнува еколошките стандарди, ама сето тоа беше поттикнато од притисокот што неколку еколошки друштва го вршеа врз Владата на РМ.

Замерките им беа до некаде основани, затоа што во тој период имаше големо загадување, а од комбинатот никогаш и не тврделе дека не се загадувачи, ама беа со дијаметрално спротивни ставови по тоа во колкав процент од тоа загадување треба да му се препише на Југохром.

АМА ЗАГАДУВАЊЕТО ДЕНЕС НЕ Е НИ МАЛКУ НАМАЛЕНО, а од истите еколошки организации немаме чуено апсолутно ништо против ВИСТИНСКИТЕ загадувачи на воздухот !! Да биде нашиот сомнеж поголем, тие тн. еколошки друштва тврдеа дека Југохром најмногу го загадува градот Тетово кој е, да потсетам, оддалечен околу 20 км од самата фабрика.

И покрај многу јавни дебати, докажувања, ама за жал и многу манипулирање со фактите,( Југохром работел со радиоактивен материјал, загадувал дури до Косово, вредноста на ПМ10 честиците се искачувала на 1200 ?? ) “победи” желбата на одредени центри Југохром да биде затворен.
Што се случува денес?!?

Комбинатот работи на поставување на систем за отпрашување ( филтри ), а тоа е инвестиција која вреди огромни ПАРИ и за која е потребно многу ВРЕМЕ. Договори се потпишани , пари има, ама ВРЕМЕТО НЕ ГАЗИ СИТЕ НАС кои што чекаме и сакаме повторно да работиме.

Почитуван Премиере, Југохром за нас е многу повеќе од фабрика, тоа е за нас единствена трошка надеж за каква таква иднина.Народот е заглавен во кредити, секојдневно се отселуваат од овој крај, немаштијата е веќе секојдневие кај нашите сограѓани.

Барам во име на сите вработени да се разгледа опцијата Југохром ДА БИДЕ ВКЛУЧЕН ВО МЕСЕЦ МАРТ ИЛИ АПРИЛ на помала моќност, која по сите пресметки не претставува апсолутно никаква опасност . Сакаме да работиме, дозволете ни да го заработиме парчето леб што побрзо, додека не стане прекасно.

Со почит, поранешен вработен ..