Украина високо ќе го вее своето жолто-сино знаме и никогаш нема да крене бело, му одговорија властите во Киев на папата Франциск, кој говорејќи за војната во Украина во интервју изјавил дека „кревањето бело знаме е знак на храброст“.
Неговата изјава беше протолкувана како повик до Украина да се предаде, иако Ватикан појасни дека тоа било „повик за преговори“.
– Нашето знаме е жолто-сино. Тоа е знамето за кое живееме, за кое ќе умреме и за кое ќе триумфираме. Никогаш нема да кренеме други знамиња – порача шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба.




