Дефанзивецот на Брајтон Лиус Данк си постигна автогол во поразот (5-1) на неговата екипа од Ливерпул во саботниот меч од Премиер лигата. За 26 годишниот несреќник ова беше трет автогол сезонава, па е близу до антирекордот на Мартин Шкретел кој пред 5 сезони 4 пати ја погаѓаше сопствената мрежа.
Данк има уште доста до крајот на ова првенство во Англија, вкупно 23 меча да го стигне и престигне Словакот.