Според истрагата на „Базфидњуз“ фондацијата Либертас практично не постои а се води на адреса на фирма која што врши регистрација на правни субјекти.
Ова прашање за американската јавност е од особено значење откако во поседниве неколку години избија скандалите со екс советникот за национална безбедност на Трамп, Мајкл Флин и шефот на кабинетот на Хилари Клинтонн Џон Подеста кои беа откриени дека без да пријават работеле за странски клиенти.
Mакедонија како една од петте странски држави кои што се пријавени од „Меркури“ лани во ноември потпишала договор со британската подружница на оваа лоби фирма за помош во односи со јавноста но нема информации каква е улогата на „Либертас“ во овој случај.
И покрај тоа што прекршувањето на ФАРА е казниво според американските закони најголем дел од случаите завршуваат со опомена од страна на властите по што компанииите ги објавуваат сите потребни податоци, пишува Базфидњуз каде првичните информации дошле од истражувачкиот „Проект за известување на организиран криминал и корупција и Нова ТВ кои што подготвуваат целосен извештај за оваа проблематика.





