Лицемерието на Брисел – Украина го добива тоа што Македонија и З. Балкан го чекаат 17 години

Колкаво е лицемерието на Брисел кон таканаречените стари кандидати за членство се гледа преку примерот во кој новиот експресен кандидат Украина уште во Октомври може да го добие тоа што Македонија и земјите од Западниот Балкан го чекаат 17 години.



Овој фрапантен пример го дава екс вицепремиерот за евроинтеграции и специјален владин пратеник за Унгарското претседавање со ЕУ Ивица Боцевски.

Во Тема на денот на Сител ТВ Боцевски открива дека уште во 2008 година земјите од западниот Балкан побарале од Европската Комисија да стане дел од ЕУ роаминг системот и со тоа граѓаните од регионот да добијат бесплатни мобилни телефонски разговори со сите земји членки.

Цели 17 години Европската Комисија ги разгледува ова барање а сега има шанси Украина која не контролира една петтина од својата територија до крајот на годината да има бесплатни разговори со ЕУ.

Целото интервју на Боцевски за оваа и други теми од интерес за Македонија на патот кон ЕУ во тема на денот на Сител.