Литванија планира да ја зајакне одбраната на границата со Белорусија и руската област Калининград, соопшти литванското Министерство за одбрана.
Претходно полскиот заменик-министер за одбрана Павел Бејда изјави дека поставувањето на противпешадиски мини е планирано како дел од проектот за изградба на утврдувања на Источниот штит долж границата со Белорусија и Русија.
Поради воената закана од Русија, Полска и балтичките земји ја напуштаат конвенцијата против противпешадиски мини.






