Најдобрата македонска тенисерка освои нова титула во својата кариера, триумфирајќи на турнирот што се одржа во Денен, Франција. Откако на патот до финалето не загуби ниту еден сет, Ѓорчевска денеска наиде на сериозен отпор од Мари Осака од Јапонија, но успеа да ја совлада и да се закити со нов трофеј. Првиот сет мина во апсолутна доминација на македонката тенисерка. Ѓорческа експресно поведе со 4-0, по што рутински ја одржа предноста и го доби сетот со 6-2. Лина направи брејк и на стартот од вториот сет, но потоа дојде до мало опуштање во нејзината игра, по што Осака успеа да се врати со 7-5 и да израмни на 1-1 во сетови.



Во решавачкиот сет се водеше израмнета битка, а Ѓорческа пропушти одлична можност при резултат 2-2, кога не искористи неколку шанси за брејк. Двете тенисерки знаеја како да го сочуваат сопствениот сервис, па освојувачот на трофејот беше решен во тајбрејк. Во решавачките моменти се водеше израмнета битка, а ниту една од тенисерките не успеа да стигне до два поени предност до 6-6. Кога беше најважно Лина сепак, ги освои следните два поени, триумфираше со 8-6 и 2-1 во сетови.