Лина Ѓорчевска не успеа ниту во вториот обид на Флешинг Медоу и во петтиот, вкупно, да дојде до главен турнир на некој до Гренд Слем настаните. Нашата најдобра тенисерка утринава во Њујорк загуби уште во првото коло од квалификациите од Дестани Ајава со 2-1 во сетови. Во првиот сет Лина ја искористи единствената брејк топка во петтиот гем и поведе со 6-4, но младата Австралијка возврати со ист резултат во вториот, многу понеисвесен дел во кој имаше вкупно три одземени сервиси.
Во решавачкиот трети сет Ѓорчевска воопшто не дојде со брејк шанса, а Ајава ја искористи таа што и се укажа во четвртиот гем, по што само го чуваше својот сервис. Лина по ова го завршува настапот во Њујорк без шанса, евентуално како „лаки лузер“ да дојде до главниот турнир. Нејзин најголем дострел на Гренд Слем турнејата останува третото квалификациско коло на Австралија Оупен од почетокот на годинава.





