„Капидан Бурдуш жртвува се и ги жртвува сите, за да ја спаси својата шугава кожа!“ – реагира жестоко Фатмир Лимани, потпретседателот на опозициската партија Беса, кон својот вујко и лидер на ДУИ Али Ахмети во врска со неговото потпишување договори со претставниците на одделни ромски и турски партии, со цел да ги приклучи кон така наречениот „Европски фронт“ за заеднички настап на парламентарните избори. Во својата колумна со наслов „Капидан Бурдуш“ Лимани отворено се подбива со Али Ахмети и го нарекува „Бурдуш“, асоцирајќи на неговото коалицирање со Курто Дудуш, претседателот на Сојузот на Ромите. Во овој контекст Фатмир Лимани го „чести“ лидерот на ДУИ и со „прекар“ „Капидан Дурдулуш“, исто така асоцирајќи на Курто Дудуш. Потпретседателот на Беса Лимани го нарекува Али Ахмети и „Капидан Азер’Бејџан“, „иновативно“ асоцирајќи и на коалицирањето со Бејџан Илјас, претседателот на Демократската партија на Турците, уште една членка на „Европскиот фронт“ на ДУИ и Ахмети. За Лимани Ахмети е и „Капидан Раштиман Карадузен“, со оглед дека лидерот на „интегристите“ е „мераклија“ да свири на албанска чифтелија, ама за неговиот внук тој е поправо „раштимана чифтелија“!
Во својата колумна, која ја објави весникот на албански јазик „Лајм“, Фатмир Лимани пишува за Али Ахмети: Да бидеш прв во општеството со сопствената умствена и физичка сила е различно од раководењето и лидерот, седнат на наместена маса. Првиот, кој има своја умствена и физичка сила, останува заколнат кон одбраната на вредностите и националното достоинство, а вториот, лидерот што седи на маса, тргува со вредностите на војната, за да си ја спаси шугавата кожа.
Се водеа крвави војни во годините 1998-2001, кои носат печат на повеќе од 90 загинати маченици, на стотици повредени и илјадници куќи, се во име на правата и слободите.
О, Капидан Дурдулуш, лесно ти беше да ја превртиш масата поставена од други, затоа што имаш луѓе (семејство), дружба на број, облечени, збогатени и без никаква гребнатинка. О, Капидан Азер’Бејџан, отвори ги регистрите на бригадите на УЧК и прочитај ги повторно имињата на мачениците и на ранетите на слободата, за да ја сфатиш нивната етничка припадност.
О, Капидан Раштиман Карадузен (карадузен – албанска чифтелија, мала тамбура со две, или летири глави- заб.прев.), Албанците војуваа и се жртвуваа себеси, за да профитираат сите етникуми (Турци, Роми, Власи)… Директорите од твојата партија низ училиштата основни и средни се најголемите дегенерици и прекршители и на на рамноправната застапеност на Турците и Ромите.





