„Лидерите на партиите од коалицијата Вреди ќе престојуваат утре, на 28 март во Приштина, во Косово, на заедничкиот ифтар со Албин Курти, премиерот на Косово и лидер на тамошната владејачка партија Ветвендосје (Самоопределување). Поканата ја упати Курти.“ – објави информативната агенција на албански јазик „Журнал“.
Во информацијата агенцијата натаму наведува: На ифтарската вечера се очекува да присуствуваат лидерот на Алијансата за Албанците Арбен Травари, на Демократското движење Изет Меџити, на Беса Билал Касами, на Алтернатива Зеќирија Ибрахими, Беким Ќоку, политички советник, претставник на Ветвендосје во Македонија и пратеник во македонското собрание, како и Фатмир Лимани, потпретседателот на Беса и министер за социјална политика во македонската влада.
Се уште не се знае дали со лидерите во Приштина ќе патува и претседателот на Собранието Африм Гаши.





