Лиам Нисон (65) веќе нема намера да биде ѕвезда на акциони филмови. Актерот за време на фестивалот во Торонто објави дека повеќе нема да снима филмови од овој жанр.



Иако се чинеше дека големата ѕвезда, која потроши скоро десет години во удирање на противниците и во скокање од зграда до зграда, никогаш нема да престане со бркотниците, тоа очигледно ќе се случи. На прв поглед тоа изгледа чудно, но кога ќе се погледне листата на неговите најголеми улоги во деведесеттите: „Мажите и Жените“, „Шиндлеровата листа“ и „Мајкл Колинс“, јасно се гледа неговата наклоност кон акционот жанр е второстепена, иако улогите во „Даркмен“ и во неколкуте продолженија од „Тејкен“ го промовираа во силно, снадливо и борбено момче од екраните.

Но дека неговата одлука не треба да биде изненадувачка ќе потврдат и последниве неколку години во кои се покажа сјаен и во големите улоги, како оние во „Монструм“, „Тишина“ и „Лего“, а наскоро ќе се појави во нова улога и во проектот „Виндоус“.

Во сите наведени Лиам одново покажа колку е широк спектарот на улоги во кои може да биде брилијантен, и да одигра најразновидни и најтешки ликови.