Американската пејачка Лејди Гага планира да се одмори од музиката и да го забави темпото на живот поради здраствени проблеми со кои се соочува.
Поп-ѕвездата е во Торонто на филмскиот фестивал каде премиерно беше прикажан документарниот филм на Нетфликс „Гага: Петте нозе“. Филмот го прикажува нејзиниот живот, нејзиниот настап во Суперболот во февруари и нејзината борба со хронична болка.
Лејди Гага речиси и плачеше додека зборуваше со новинарите за нејзините здравствени проблеми.

„Тешко е, но исто така ослободува“, рече таа.
Пејачката рече дека ќе направи музика и за време на паузата, и дека објавениот одмор не значи дека „нема никакви скриени адути во нејзиниот ракав“.
Соопштението на Лејди Гага доаѓа само една недела откако ѝ се наложи од страна на лекарите да го откаже концертот во Монтреал поради ларингитис и инфекција на дишните патишта, добиени на концерт во Њујорк. Во својата кариера пејачката никогаш не ја криела борбата со депресијата, нарушувања во исхраната и хроничните заболувања. Тие сепак не ја попречија за 10 години да сними 5 албума и да освои безброј награди.




