Пратеникот Миле Лефков смета дека рејтингот на неговата партија во однос на СДСМ покажува дека токму ВМРО-ДПМНЕ каде тој членува ќе ја формира наредната влада на државата.



Лефков смета дека неговата партија нема да има проблем да коалицира со коалицијата на опозициските партии на етничките Албанци (ВРЕДИ)

„Партнерот претежно се бара кај она што се нарекува албанска опозиција, ние посакуваме да формираме влада која ќе биде ослободена од хипотеките што ги оставаат зад себе функционерите на СДСМ, особено функционерите на ДУИ. Една таква влада најпрвин би се соочила со животниот стандард и со горливите проблеми и се разбира градење на нашата иднина кон Европа“, вели Лефков во интервју за „Слободен печат“.

Според него, јалови нападите од ДУИ и од СДСМ, чии претставници тврдат дека тие се за ЕУ, а ВМРО-ДПМНЕ не е, како и дека Македонија ќе се најде под санкции од европските партнери доколк тие формираа влада.