Вистински пролетен „температурен шок“ се очекува денеска со температури  до дури 32 Целзиусови степени.



Ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност, се вели во прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Утринската температура ќе биде од 4 до 11 Целзиусови степени, а во текот на денот од 21 до 32 степени.

Во Скопје времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Наутро температурата ќе биде 11 степени, а дневната ќе се искачи до 31 Целзиусов степен.

Но, а утре попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, проследени со појава на грмежи.

Во текот на денот ќе дува слаб до умерен, а на некои места повремено засилен ветер од јужен правец.