Наш предлог за овој топол летен викенд е едноставната, а вкусна летна манџа. За многумина ова јадење кое не бара голема уметност е најомилениот оброк во менито.
Состојки:
-500 гр домати
-500 гр пиперки
-1 голема главица кромид
-100 гр сува сланина
-1 лажичка мелен пипер
-5 лажици зејтин
-мешавина од зачини, бибер

Приготвување:
Доматите се сечат на коцки, пиперките се преполовуваат и се чистат од семето и тенко се сечат. Кромидот се сечка ситно, а сланината се сече на стапчиња.
Кромидот се пропржува на малку зејтин, а потоа се додаваат пиперките и се динстаат додека не омекнат, долевајќи по малку вода.
Се додаваат доматите и се продолжува со динстањето додека сите состојки не омекнат.
Пред крајот се додава мелениот пипер и се зачинува по желба.






