Лазар Узунчев е новиот генерален директор на државната компанија за производство на електрична енергија ЕСМ (поранешен ЕЛЕМ) добива нов генерален директор. Тој е докажан менаџер во областа на продажбата, а своевремено беше прв човек на најголемата и најуспешна компанија за продажба на бела техника и уреди за домаќинството „Нептун“. Узунчев има меѓународно искуство и во областа на трговија и застапување на брендови од областа на оптиката.
Очигледно дека стратегијата на Министерството за енергетика и на Владата е да се донесе менаџер што успешно водел пазарно ориентирана компанија. Ова наведува на заклучок дека тој и неговиот нов упраувачки тим ќе се обидат од државниот мастодонт ЕСМ да направат компанија која компетитивно ќе работи во пазарно опкружување. А тоа значи оптимизација на трошоци, зголемување на ефикасноста и расчистување со досегашната пракса на тендери на кои под многу дискутабилни услови се купуваше се и сешто па и електрична енергија, пишува Фактор.
Како и да е новиот директор ќе биде исправен пред голем и изразен предизвик за средување на состојбите во РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј како и гасификација на ТЕЦ Неготино и на крај најголемиот предизвик кој се вика нуклеаризација на ЕСМ.
А пред тоа ќе треба да ја решава солвентноста и ликвидноста на компанија за која во енергетските кулоари се шпекулира дека должи околу 200 милиони евра.





