Курти за приведувањето на ексвојникот на косовската УЧК: Р*М да не се потчинува на агресивноста на Србија против Косово

„* Македонија да не се потчинува на агресивноста на Србија против Косово.“ – изјави на прес-конференција премиерот Албин Курти, посочувајќи дека косовското министерство за правда е во комуникација со * Македонија во врска со приведувањето на поранешниот војник на косовската УЧК Блерим Рамадани од страна на полицијата на * Македонија, според потерница од Србија. Информација за ова објави ТВ Алсат.

Натаму ТВ Алсат пишува: „Министерството за правда и нашите власти се во комуникација со Владата на * Македонија, со соодветните сектори, на начин да нема потчинување на агресивноста на Србија кон Косово, што се одразува и во ваквите потерници по нашите граѓани.“– рече Курти.

Поранешниот војник Блерим Рамадани на косовската УЧК во средата е приведен од полицијата на * Македонија со потерница распишана од Србија.