Неопходни промени во Уставот во Скопје и отфрлањето на која било иредентистичка политика заснована на наводно постоење на македонска етничка припадност е предуслов за продолжување на преговорите околу името.
Уште повеќе (тоа е предуслов) да се постигне било каков договор за прашањето за името, изјави попладнево Јоргос Кумуцакос, министер за надворешни работи во сенка на опозициската Неа Демокртатија.
„Во вчерашното интервју, Никос Котиас призна дека уставните промени во нашата соседна земја може да се одложат во нејасна, далечна иднина, што целосно ги потврдува приговорите што ги изразуваме од самиот почеток за справувањето на владата со скопското прашање“, рекол Кумуцакос, пренесоа грчки медиуми.
Тој јасно го повтори ставот на партијата: Промените во уставот на ПЈР Македонија и официјално отфрлање на иредентизмот е предуслов за какви било преговори со соседната земја.





