Кузеска: Поради функцијата Божиновска е должна да каже дали има бугарска самосвест

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска го коментираше ставот на министерката Сања Божиновска околу нејзиното наводно бугарско државјанство. Според Кузеска, како се чувствува Божиновска и дали има бугарска самосвест не е прашање за адвокатите, туку таа лично треба да ѝ каже на јавноста дали има бугарска самосвест.



-Како се чувствува Божиновска и дали има бугарска самосвест не е прашање за адвокати, недозволиво е да ја лаже и да ја манипулира јавноста, таа извршува висока јавна функција и поради односите со Бугарија има должност да и соопшти на јавноста за нејзината самосвест. Божиновска должи одговори и за долгот на фирмите од 1 милион евра, изјави денеска Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ, во одговор на новинарско прашање.