КСС нема да учествува на утрешниот протест од ССМ

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) нема да учествува на утрешниот протест во организација на Сојузот на синдикати на Македонија.



Претседателот на конфедерацијата Ралповски смета дека во земјава има добар социјален дијалог и организирано синдикално движење, како и дека проблемите секогаш се решаваат на маса.

Според него и без репрезентативни синдикати, на ниво на грански синдикати се разговарало со Владата која покажала подготвеност од 1 мај да почне повторно и поголемо зголемување на платите во јавниот сектор, но, зошто тоа нема да се случи, треба, оцени, да кажат оние што утре ќе протестираат.

„Утре ќе бидам дома со семејството. Оваа, како и претходната година кога ги повикавме сите пратенички групи да го дадат своето размислување во делот на програмите, да ветат пред нас, сакаме да ги решаваме проблемите низ дијалог. Всушност, секогаш решавањето на проблемите на крајот доаѓа на маса, низ социјален дијалог. Сега велиме дека имаме добар социјален дијалог и затоа на ваков начин го одбележуваме 1 Мај. Кога ќе почувствуваме дека ќе бидат загрозени нашите права или ќе бидеме дискриминирани, тогаш, бидете сигурни, нема да го чекаме 1 Мај, туку веднаш ќе излеземе на протест, дециден е претседателот на КСС, одговорајќи на новинарски прашања по конференцијата „Работничките права во време на промени: Заедно кон праведна транзиција и ефикасна администрација