Нордискиот скијач Ставре Јада беше деветти во трката на 10 километри крос кантри во Штрпске Плесо во Словачка што му овозможува А норма за Зимските Олимписки игри во Пјонгчанг. Јада е се уште јуниор (20 години) и ова постигнување е извонредно и за него и за тренерот Ѓоко Диневски, но најмногу за Македонија која на игрите што на 9 февруари започнуваат во Јужна Кореја ќе има барем двајца претставници.