Крис Павловски, канадски бизнисмен со македонско потекло и близок соработник на американскиот претседател Доналд Трамп, изрази сочувство и донира финансиски средства за семејствата и на настраданите во трагедијата во Кочани.
„Моето срце е со сите семејства и пријатели на загинатите во Македонија. Загинаа 59 лица, а над 100 се повредени во пожар, повеќето деца меѓу 14 и 20 години.
Јас лично донирав 1 милион денари на Црвениот крст на Македонија за поддршка на семејствата и на настраданите“, објави на Икс основачот и сопственик на „Рамбл“, член на бордот директори на „Македонија 2025“.







