Англискиот актер за кусо време одново нафрла килограми затоа што продуцентите од него бараат да биде крупен. Во овај случај Кристијан Бејл треба да го екранизира поранешниот американски потпретседател Дик Чејни, а тоа претпоставуваше дека од 84 треба да скокне на 100 килограми.



За 43 годишната ѕвезда од Бетмен, Империја на сонцето и Американски психо ваквата трансформација не е проблем зошто истото го чинеше и пред неколку години кога го играше Брус Вејн во две продолженија од Бетмен. Слевниот актер вели дека по снимањето на филмот за Чејни нема да има проблем да се врати на старата форма.