Две лица од Битола, на возраст од 17 и 18 години ќе одговараат за кривично дело ширење расна и друга дискриминација за пишуваше навредливи графити на сметка на Албанците во Македонија .
Министерството за Европа и за надворешни работи на Република Албанија (МЕФА) пред десетина дена, како што пренесе „Експрес.мк“, изрази жалење и го осуди говорот на омраза на сметка на Албанците во натписите на јавни места во Битола, откако се појавија графити со навредлива содржина.
Осомничените А.В. и Ѓ.Д. на фасада од зграда на Широк Сокак испишале графит со недолична содржина на македонски и на албански јазик.
Не е првпат Битола, градот каде се одржа историскиот конгрес за јазикот на Албанија, намерно и неприфатливо да се прават дела чија цел е да предизвикаат омраза, нарушување на односите и да создаваат тензии меѓу заедниците, потсетија од албанското Министерство.
Македонските власти беа повикани да ги истражат, а сторителите да сносат одговорност за овие инциденти, кои се во спротивност со духот на соживот и хармонија во Македонија и во целиот регион.





