Кривична за малолетник кој шверцувал мигранти

„Единицата за прекуграничен криминал, миграција, странци и реадмисија Гевгелија поднесе кривична пријава против малолетник од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „криумчарење мигранти“ и „фалсификување исправа“, соопшти МВР.



На 15.04.2025 година во близина на с. „Гевгелиско Мерзенци, полициски службеници извршиле претрес на автомобил „Хјундаи“ што го управувал, со скопски регистерски таблички кои припаѓаат на друг автомобил, при што биле пронајдени седум имигранти од Египет“, соопшти МВР.