Кремљ потврди дека телефонскиот разговор меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп ќе се одржи денеска со почеток во 14 часот по средноевропско време (16 часот по московско време).
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека „има одредено разбирање“ со САД, но „има и многу прашања за кои треба да се разговара“.
Двајцата претседатели ќе разговараат онолку долго колку што сметаат дека е потребно, додаде тој.
Украинскиот претседател Зеленски пред денешниот телефонски разговор меѓу Путин и Трамп изјави дека „Путин и понатаму ја одложува оваа војна“.
„Веќе една недела Путин не може да каже „да“ на предлогот за примирје“, рече Зеленски.
Зеленски додава дека американскиот предлог за 30-дневно примирје „се залага за спасување животи, дозволувајќи им на дипломатите да работат на обезбедување безбедност и траен мир – предлог што Русија го игнорира“.






