Милиони луѓе на различни делови од Земјата вчера беа сведоци на многу реткиот астрономски феномен: Истовремено се поклопија полна Месечина, таканаречената „Супер-Месечина“ поради тоа што природниот земјин сателит беше најблиску до нашата Планета, по што следуваше и тотално затемнување кое можеше да го следат само граѓаните Северна Америка.
Илјадници луѓе се собраа во Калифорнија, но и на Хаваи за да видат како полната Месечина „исчезнува“, покриена од сенката на Земјата, а потоа повторно се појавува.
„Крвава месечина“, односно црвената или бронзената нијанса е природен феномен поради филтрирањето на сончевата светлина која поминува низ атмосферата на Земјата, .
Не-научниот термин „супер-Месечината“ за прв пат го употребил астрологот Ричард Нолан во 1979 година. Замјата која се доближува на 360.000 километри од Земјата изгледа 14 проценти поголема и е за околу 30 насто посветла.









