Полицијата во Карлсруе, Германија размислува да покрене истрага против локалниот огранок на крајно-десничарската Алтернатива за Германија која во поштенски сандачиња на странци им испраќала флаери во вид на „повратни карти“.
„Полицијата истражува дали постои основа за започнување истрага за кривично дело ширење омраза на национална основа“, се вели во соопштението на полицијата во Карлсруе.
Кандидатот за канцелар и потпретседателка на партијата на АфД, Алис Вајдел, на партиската конвенција минатиот викенд, постојано ја споменуваше „ре-миграција“ на голем дел од германските граѓани со странски корени како една од главните точки на партиската изборна програма.
АфД ги отфрла обвинувањата дека летоците биле вметнати само во поштенските сандачиња на странци, туку дека кампањата се однесува на „сите гласачи“.
Летоците наводно биле дистрибуирани и во други градови на југозападот на земјата, а според АфД, досега се испечатени 30.000 примероци.
Во анкетите на јавното мислење, околу шест недели пред предвремените парламентарни избори, АфД е поддржана од околу 20 отсто од гласачите.





