„Али Ахмети со неговиот клан на криминалци-поранешни функционери ниеднаш не работеа со правда за народот. Има многу сведоци, кои знаат дека Али Ахмети и Мендух ги убиваа нашите соборци на УЧК, а денес тие лајат за поделбата на * Македонија! Верувам дека се сеќавате кога ги убиваа нашите другари, бидејќи бараа: или да се продолжи војната, или да се подели Македонија! Али Ахмети, што ли ќе ти направи тебе некој кога ќе те начека изутрина, или квечерина!“ – со овие жестоки обвинувања, но и закани, на адреса на Али Ахмети и неговите сопартијци од ДУИ се огласи Ардијан Красниќи, поранеш припадник на УЧК од Македонија, во својата колумна со индикативен наслов „На Али Ахмети му е местото в затвор!“, која ја објавија весникот „Лајм“ и некои други медиуми на албански јазик.
Во обемната колумна, покрај другото, Красниќи пишува: На тебе, Али Ахмети, вам, криминалци, местото ви е в затвор!
Вам ви се отворени вратите на пеколот, поради болката, што им ја предизвикавте на многу родители, жени, девојки, сестри и браќа, на кои им ги масакриравте нивните најсакани, а денес лаете како кучиња-скитници со вашиот клан!
Али Ахмети, што ли ќе ти направи тебе некој кога ќе те начека изутрина, или квечерина!





