Актерката Џејми Ли Кертис (58) ќе биде дел и ќе ја видиме во новата верзија на „Ноќта на вештерките“, која ќе биде снимена во 2018. година, објави студиото „Universal Studios Hollywood“.
Таа повторно ќе ја игра улогата на Лори Строд, дадилка која во оригиналниот филм на Џон Карпентер од 1978. година се соочи со серискиот убиец Мајкл Мајерс. Во новата верзија на филмот Строд ќе има „завршница“ со Мајерс велат од „Universal Studios Hollywood“. Карпентер инаку ќе биде извршен продуцент и советник за новиот филм.



„Ноќта на вештерките“ е еден од најпознатите хорор филмови во историјата на Холивуд. По првиот филм беа снимени уште девет продолженија, а последното беше филмот на Роб Зомби од 2009. година под име „Ноќта на вештерките II“. Џејми Ли Кертис се појави во оваа филмска серија последен пат во 2002. година, во продолжението „Ноќта на вештерките: Воскресение“, во која нејзиниот лик беше убиен. „Universal Studios Hollywood“ откри дека новото продолжение кое ќе се базира на оригиналниот филм од 1978. година и ќе се игнорираат настаните и сценариото од 2002. година.