Кралицата Елизабета нареди дека овие правила треба строго да се почитуваат , а тоа се однесува, пре се, на претстолонаследничката Кејт Мидлтон која по ниедна цена не смее да јаде три работи.



Кејт како и другите членови на кралското семејство, мора да ги почитуваат одредените правила кои се дел од традицијата на британската монархија, а на нив строго се придржува и кралицата Елизабета. Овие правила се однесуваат на храната која војвотката не смее да ги консумира.

Секогаш кога Кетрин Мидлтон и нејзиниот сопруг принцот Вилијам ручаат надвор, мора да се придржуваат до строгите правила, и да не ги нарачуваат ови одредени видови храна.

Тоа првенствено се однесува на морска храна, со цел да се избегне можноста од труење, но кога се во посета на странски држави не треба да консумираат и лошо печено месо, ниту вода од чешма, за да се избегне каква било опасност од оштетување на здравјето.

Според наредбите на кралицата, овие три работи не треба да ги јадат и да пијат, и другите членови на семејството кои се најблиску до преземање на престолот.

И покрај инсистирањето на кралицата членовите на нејзиното непосредно семејство да се придржуваат до правилата на храна, познато е дека принцот Чарлс ги игнорира овие правила, и во неколку наврати конзумирал школки.