Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, потврди дека пријавил кражба во неговиот дом. Биле украдени злато во вредност од 3.100.000 денари и класифицирани документи.
„Да… Не би зборувал за детали“, одговори Битиќи за ORA24.TV.
Како што пренесе медиумот утрово околу 03:20 часот се случила тешка кражба во домот на пратеникот на СДСМ и поранешен заменик премиер. Во металната сеф каса освен злато имало и часовници.
Исто така, украдена е и една фасцикла, за која се смета дека содржела документи со класифицирани информации.





