Кој ќе биде „поголем албански јунак“ да одржи митинг на плоштадот во Тетово на 6.5 во 20 часот: „Европскиот фронт“, или „Вреди“?!

„Вакво нешто не се случило досега: двата албански табора ќе ги одржат своите завршни митинзи за парламентарните избори на исто место, на ист ден и во ист час!“ – пренесе информативниот портал на албански јазик „Инфошќип“ во својата вест под наслов „Ќе се натпреваруваат ‘Европскиот фронт’ и ‘Вреди’ во Тетово во ист ден, во ист час и на исто место!?“



„Инфошќип“ пренесува: „Европскиот фронт“ на ДУИ и нивната коалиција имаше најавено дека на 6 мај со почеток во 20 часот на плоштадот „Илирија“ во Тетово ќе го одржи својот завршен митинг. Исто така и албанската опозициска коалиција „Вреди“ ќе го одржи својот завршен митинг на 6 мај со почеток во 20 часот на градскиот плоштад „Илирија во Тетово!