Пo смртта на папата Франциско на 88-годишна возраст, вниманието на светот сега е насочено кон тоа кој ќе го наследи.
Да се предвиди кој би можел да стане нов водач на 1,2 милијарди католици е исклучително тешко.
Теоретски, секој крстен католик може да стане папа. Во реалноста, новиот понтиф најверојатно ќе биде избран меѓу кардиналите кои ќе се соберат во Сикстинската капела во Ватикан на тајни избори познати како конклава.
Кога Бенедикт Шеснаесетти поднесе оставка во 2013 година, речиси никој од ватиканските аналитичари не предвиде дека Хорхе Марио Бергољо од Аргентина ќе биде избран за папа.
Овој пат нема јасен фаворит, што го отежнува целиот процес на погодување.
Меѓутоа, во ѕидините на Ватикан веќе се споменуваат имињата на можните кардинали кои се сметаат за веројатни кандидати за папството. Нивното различно потекло го одразува глобалното присуство на Католичката црква.
Се очекува изборите да се сведуваат на натпревар меѓу прогресивците, кои го поддржуваат полибералниот пристап на папата Франциско кон разведените, хомосексуалците и бегалците, и конзервативците, кои силно ја отфрлија неговата агенда.
Новиот папа го избираат највисоките функционери на Католичката црква, познат како Колеџот на кардинали. Сите тие се мажи, назначени директно од папата и обично се ракоположени за епископи.
Во моментов, Католичката црква има 252 кардинали, од кои 138 имаат право на глас при изборот на нов папа.
Останатите се постари од 80 години и затоа не можат да учествуваат во гласањето, но можат да учествуваат во дискусии за тоа кој треба да биде избран.
Папата Франциско, кој почина утрово во Ватикан, беше првиот папа од Латинска Америка, а тоа сигнализираше поширока промена во рамките на Католичката црква, по што се очекува „првиот црн или азиски папа“ да може да раководи со Римокатоличката црква, пишува денеска „Дејли мејл“.
Почнаа да се споменуваат и главните кандидати кои се стремат да станат следниот врховен поглавар на Римокатоличката црква:
Од конзервативците се истакнува Петер Ердо, унгарскиот кардинал.
Посебно се издвојува Луис Антонио Тагле… Наречен Азиски Францис поради неговиот ведар дух и прогресивни ставови, Тагле доаѓа од Филипините, а доколку биде избран, тој ќе биде првиот азиски папа во историјата.
Пјетро Паролин, актуелниот државен секретар на Ватикан, исто така се смета за еден од главните кандидати за нов папа. Нејзината репутација порасна особено за време на војната во Украина, кога Ватикан се претстави како чесен посредник кој еден ден може да посредува со Москва за прекин на конфликтот.
Другиот кандидат од либералното крило на црквата е кардиналот Хозе Толентино Каласа де Мендонса, кој доаѓа од португалскиот остров Мадеира. Папата Франциско го назначи за шеф на Одделот за култура и образование на Ватикан.
Кардиналот Матео Зупи, надбискуп од Болоња, е уште еден Италијанец во играта. Важи за прогресивен и близок пријател на папата Франциско.
Малтешкиот кардинал Марио Греч, генерален секретар на бискупскиот синод, важи за сериозен кандидат во Европа за челната позиција на Католичката црква.
Питер Турксон (76) Поранешниот бискуп на Кејп Кост би бил првиот црн папа и би имал можност пошироко да допре до Африка. Тој е роден во Гана, а папата Франциско го испратил како мировен пратеник во Јужен Судан. Турксон беше фаворит на обложувалниците во еден момент за време на конклавата во 2013 година, кога беше избран папата Франциско.
Откако папата Франциско беше избран во 2013 година, тој назначи приближно две третини од кардиналите кои сега имаат право на глас на конклавата.
„Речиси половина од денешните кардинали доаѓаат од глобалниот југ. Нивните грижи се различни од оние во Европа и САД. Тие се преокупирани со глобалното затоплување, сиромаштијата, граѓанските војни и корупцијата во владата“, рече отец Томас Рис, црковен историчар и колумнист за Religion News Service.





