Кој ја гарантира сигурноста на градбите во Македонија и колку се безбедни?!

По трагедијата во соседна Србија, и нашите надлешни го креваат гласот околу квалитетот на градбите во земјава. Па така, градбите во Македонија се квалитени, пропусти има, но никој не може да гарантира целосна безбедност, вели експертската фела. Потребно е континуирано одржуање и техничка контрола. Најголем проблем кај нас, според експертите, се дивоградбите за кои немаме податоци за прокетот, но и начинот на градење. Професорот Дарко Наков од градежниот факултет за МТВ вели дека надлежните мора да посветат поголемо вниманиме на мостовите, посебно на мостот „Гоце Делчев“.



Дека градбите во Македонија се квалитетни, потврди и експертот Михаил Гаревски. Според него, во Македонија има најсигурно градење во регионот, причина воведените стандарди, особено по земјотресот.

Безбедноста и квалитетот на градбите зависи од сите ангажирани субјекти во градењето: проектантите, ревидентите, изведувачите и надзорот, односно контролата. Надлежните да не чекаат и да се фатат за работа и да ги испитаат сите градби, особено оние каде има најголема фрекфеција од луѓе, оти таму се јавуваат и најголемите проблеми. Градежниците се едногласни, квалитетната градба е основен предуслов за стабилни објекти при евентуални катастрофи.

Па така, Македонија мора да извлече сериозни поуки од трагедијата во Нови Сад, оти и кај нас има објекти стари со децении на кои мора да се посвети поголемо вниманите. Ова за МТВ го изјави деканот на градежниот факултет од Скопје Горан Марковски, кои како покритични објекти од тој период ги посочи мостовите, цевководите, потпорните ѕидови на Водно, старите фасади. За нив е потребно редовно одржување, објаснува Марковски.

Марковски контактирал со колегите и вели дека мора да се внимава со одржувањето на таквите објекти кои во средината на минатиот век биле градени и со штедење на бетон и градежни материјали. Кога објектот е сигурен, стручни лица мора да го дадат последниот збор дека зградата е безбедна и спремна за пуштање. Зградата на железничката станица во Нови Сад е авторско дело на архитектот Имре Фаркаш. Тој ја проектирал и тетовската гимназија и бил професор во Скопје, пренесуваат српските медиуми.

  • Зградата е изградена во 1964 година за осум месеци, додека нејзината „кинеска” реконструкција во 21-от век, траела три години. Архитектите Имре Фаркаш и Милан Матовиќ работата на архитектонскиот бисер ја завршиле беспрекорно. Одлично го проектирале пружниот погон со колосеци за возови, дел за управување со сообраќајот, хол со чекални, ресторан и сегмент за истовар и преглед на возови, пишува Данас.рс.

Експертската фела порачува дека мора и Македонија да воспостави систем за одржување на вакви витални објекти. Потребно е да се формира тим и да се вложи во млади експерти, а струката и науката треба да се почитуваат и слушаат.